ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје е врвна здравствена установа која систематски ги следи и проучува состојбите од областа на патологијата во вербалната комуникација, испитува методи и применува мерки за рано откривање и рехабилитација на лица со нарушувања во вербалната комуникација. ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје е со седиште на улица ”Белградска” бр. 15 под падините на Водно во исклучително мирен дел на градот. Располага со сопствен објект со придружна инфраструктура и добар пристап кон објектот. Како Јавна здравствена установа која пружа услуги на ниво на секундарна здравствена заштита има домен на дејствување на територија на Република Северна Македонија. Дејноста која ја врши иституцијата е Логопедска/ сурдоаудиолошка превентива, дијагностика, третман и протетика, односно рехабилитација на лица со нарушувања во слухот, говорот и гласот. Организирање на соодветна дејност и работа со семејствата на лицата со растројства во слухот, говорот и гласот.
КАКО ДА ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН КАЈ НАС (процедура за амбуланти) – Се што треба да направите за да дојдете до термин за нашата установа е да отидете кај вашиот матичен лекар. Тој ќе ви закаже, преку Мој термин, датум и време за преглед во нашата логопедска амбуланта. На дадениот термин, со точен ден и час, ќе дојдете во нашата институција и ќе биде извршен комплетен дијагностички преглед. По прегледот ќе бидете распоредени кај соодветен логопед и во договор со логопедот започнувате со рехабилитација.
Стручниот тим на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје се грижи да обезбеди здраствена услуга на највисоко ниво во поглед на третман, нега и грижа за секој пациент со патолошка состојба во вербалната комуникација и да биде препознаен како регионален лидер во пружење на здравствените услуги и специфичен третман за секоја состојба во вербалната комуникација. Наша цел е корисниците на здравствените услуги да се чувствувааат сигурно и да имаат доверба во стручните тимови кои се секогаш на располагање и кои се грижат за пациентите со патологија во вербалната комуникација. ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје систематски ги следи и проучува состојбите во областа на патологијата на вербалната комуникација, испитува методи и применува мерки за рано отктивање, превенција, дијагностика и рехабилитација, предлага и спроведува мерки за унапредување на здраствената заштита во областа на патологија во вербалната комуникација, укажува стручно-методолошка помош, учествува во изградба и спроведување на стручно медицински докторинарни ставови, спроведува стручно усовршување на здраствените работници и соработници, се стреми кон достигнување на европските стандарди во обезбедување на здравствената заштита во сите сфери на работењето на установата.
ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје е носител на здравствена заштита од секундарно ниво која обезбедува достапна, рационална, ефикасна и ефективна здравствената заштита, посветени на обезбедување на постојан напредок во превенцијата, навремената дијагностика и третман на сите патолошки состојби во вербалната комуникација. Со тимска работа и максимално искористување на расположливите ресурси, со постојано унапредување на квалитетот на работата обезбедуваме здравствени услуги за пациентите на највисоко ниво. Во центарот се промовира едукација и истражувања како основа за стручна грижа на пациентите. Со примена на современата медицинска технологија, имплементација на планираните активности кои се усогласени со националната здравствена политиката и примена на искуствата на здравствените професионалци, во согласност со стандардите за безбедна здравствена заштита и заштита на животната средина настојуваме бидеме основа на здравствената заштита за ситепатолошки состојби во вербалната комуникација.