Во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, со гордост ја воведуваме најсовремената метода за невромодулација: ТМС (транскранијална магнетна стимулација). Благодарение на поддршката од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, нашиот центар е првиот во земјата кој располага со нов генерациски апарат за ТМС, со интегриран софтвер за следење и анализа на терапевтски резултати.
ТМС е неинвазивна терапевтска метода која користи магнетни импулси за стимулација на одредени делови од мозокот. Таа овозможува регулирање на невронската активност, со цел подобрување на когнитивните, емоционалните и комуникациските функции.
Во нашиот центар, ТМС се применува кај деца со аутистичен спектар на нарушувања, со цел:
Методата е безбедна, безболна и се спроведува во контролирани услови од страна на обучени логопеди и психијатар специјалист.
ТМС се користи во водечки клинички и истражувачки центри ширум светот – САД, Канада, Германија, Австралија – каде што се покажува како ефикасен дополнителен третман кај деца со аутизам. Иако во некои земји е во фаза на клинички испитувања, резултатите се охрабрувачки и ветуваат нови можности за невроразвојна поддршка.
Закажувањето се врши преку матичен лекар или друг лекар специјалист, кој ќе упати пациент до нашата установа. Потоа, нашиот тим ќе направи индивидуална проценка и ќе одреди дали ТМС третманот е соодветен.
Апаратот кој го користиме овозможува собирање и анализа на податоци, што ќе придонесе кон развој на научни истражувања и подобрување на терапевтските протоколи во иднина.