ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје е врвна здравствена установа која систематски ги следи и проучува состојбите од областа на патологијата во вербалната комуникација, испитува методи и применува мерки за рано откривање и рехабилитација на лица со нарушувања во вербалната комуникација. ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје е со седиште на улица ”Белградска” бр. 15 под падините на Водно во исклучително мирен дел на градот.
Третманот на пелтечењето кај децата и емоционалните реакции кај родителите
Пелтечењето е говорен, но многу повеќе социјален и емотивен проблем